ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ да не се меша, ние до крај ќе се залагаме за нови избори

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ се огласи со реакција на новата изјава на портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, која на нивно барање, уште еднаш појасни дека Брисел очекува формирање широка владина коалиција.

Од ДПМНЕ порачаа дека Коцијанчич не им одговорила врз кој основ ЕУ бара широка коалиција и дали истото го барале при секое формирање на влада во земјите во Европа.

-Во Европа тоа би се толкувало како директно мешање на ЕУ во внатрешните демократски и политички процеси кога некој однадвор јавно би барал кој со кого да коалицира и како да изгледа коалицијата, „широка или тесна“.

Ние, како најголема партија со најмногу партеници, сметаме дека најдобро решение се предвремени избори и до крај ќе се залагаме за истото. Македонија има искуство со широки коалиции и во 1991 година со експертската влада и во 2001 година со воениот конфликт. Тие ништо добро не ѝ донеле на Македонија – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости