ВМРО-ДПМНЕ: Една година по 27 април се монтираат политички обвиненија и оперски пејачи се прогласуваат за терористи

by fokus

СДСМ и ДУИ профитираа, а државата и граѓаните губат секојдневно. ВМРО-ДПМНЕ вака ја опишува годишнината од крвавиот 27 април во Собранието.

-Една година по настаните од 27 април, нема никаква истрага за политичкото насилство сторено врз Уставот. Се монтираат политички обвиненија и оперски пејачи се прогласуваат за терористи, а никој не прашува кој ја даде наредбата и зошто токму во време на протестите беше донесена одлука да се реализира неуставниот избор за претседател на Собранието? Никој не спроведува истрага кои се тие вооружени групи во Чаир и во околината на Скопје, кои биле подготвени да тргнат кон Собранието? Под чија команда биле? Дали имале намера да пукаат во насобраните граѓани? Дали непостапувањето на институциите против нив, значи дека некој сеуште сака да ги има под контрола и да ги повика на оружје доколку почуствува потреба? Ниту Игор Дурловски е терорист, ниту пак Борис Дамовски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски, Митко Чавков или пратениците се терористи. Обвинението против нив е политичка конструкција за да се покрие силувањето врз уставот. Политичкиот прогон мора да запре, а власта да покаже интерес и да поведе истрага кои се луѓето под оружје што беа подготвени да пукаат во граѓаните кои со денови мирно протестираа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости