ВМРО-ДПМНЕ: Единствената средба за која знаеме е таа на Заев – Мијалков

by fokus

Единствената средба за која знаеме е таа на Заев – Мијалков, каде Заев му ветуваше слобода, а за возврат бараше креирање на проблеми во ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од опозицијата по критиките од СДСМ дека партијата одржувала настани во хотелот Мериот кој се поврзува со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој е осуден на 12 години затвор за масовното прислушување со првостепена судска пресуда.

-А ако СДСМ има нешто против меѓународната заедница и Шведска нека каже. Настанот во хотелот Мериот е организиран од страна на шведската фондација Јарл Халмарсон, која ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ и помага при градење на кадри и политики, доколку СДСМ има проблем со тоа нека каже. СДСМ не треба да заборави дека Сашо Мијалков е таму каде што е заради притисокот на ВМРО, народот и меѓународната заедница.
Да се прашуваше Зоран Заев, Сашо Мијалков се уште ќе беше на слобода и сега заедно ќе правеа вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ, за да ја спасат фотелјата на Заев и да ја купат слободата на Мијалков.
Криминалот повеќе не поминува. Одговорност ќе има. Во СДСМ тоа го знаат и затоа се нервозни, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости