ВМРО-ДПМНЕ: Договорот ја доведува во прашање и химната

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта со договорот за името прифатила и целосна  промена на учебниците, песните и македонските ора.

-Договорот забранува употреба на придавката македонско што под прашалник ја доведуваат и химната на државата. ВМРО ДПМНЕ овој договор го смета за етноцид или акт на чистење  на цела нација. Прво, Зоран Заев прифати, а неговите пратеници изгласаа дека именката Македонија ќе биде избришана во Уставот. Второ, Зоран Заев прифати, а потоа неговите пратеници изгласаа дека се забранува секаква употреба на придавката македонска, македонско, македонски во сите форми од сите институции кои што имаат изданија и кои што добиваат пари од државата. Па како Зоране Заев го заштити идентитетот? Смее ли државата да издаде учебник во кој што ќе пишува Македонија? За што ќе учат децата? Ќе смеат ли децата, а воедно и сите граѓани да ја испеат химната „Денес над Македонија се раѓа“? Смее ли Ансамблот „Танец“, ако не знаеш Зоране создаден со одредба на македонската влада, да изигра македонско оро, и дома и во странство?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости