ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Сами решавајте си ги внатрепартиските превирања

by fokus

-Им порачуваме наместо да бараат виновници во ВМРО-ДПМНЕ, сами да ги решаваат своите внатрепартиски превирања. Тоа што се обидуваат внатрекоалициските проблеми помеѓу СДСМ и ЛДП и проблемите со општинската организација и советничката група на СДСМ, да ги наметнат на други, говори за немањето на лидерски способности и на Зоран Заев и на Андреј Жерновски. Жерновски мора конечно да престане да се жали и плаче и во секоја прилика да се правда за својата неспособност да менаџира со општината, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на утрешниот ден, на закажаната седница во општина Центар, ќе биде познато дали Шиповиќ ќе ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, односно дали ќе гласа позитивно за некој од урбанистичките планови: Тасино чешмиче, Мал Ринг или Капиштец-Водно. Доколку овие планови добијат зелено светло, ГТЦ ќе добие барокно руво, а ќе продолжи и градежната експанзија на Водно.

Поврзани новости