ВМРО-ДПМНЕ до Арсовска: Дали бугарски автобуси ќе ги заменат приватните превозници?

by fokus

„Скопје е блокирано заради матните тендери на Арсовска, плод на коалицијата со Ковачевски. Таков тендер е набавката на гориво за потребите на ЈСП од 27 милиони евра“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Арсовска за разлика од сите нејзини претходници не добива попуст од 6 денари по литар. Овој попуст го имало и кај Костовски и кај Трајановски и кај Шилегов, но го нема кај Арсовска. Доколку имаше попуст ЈСП ќе платеше 1.4 милиони евра помалку. Тоа се повеќе од доволно средства за да се покрие долгот кон приватните превозници.
Зошто нема попуст знае само Арсовска, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека градоначалничката не треба да бега, туку да одговори:

-Дали тендерот за набавка на гориво за ЈСП е дел од договорот за тајната коалиција со Ковачевски?

Дали на средбата Арсовска – Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст?

Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има? Од Костовски, преку Трајановски до Шилегов.

И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот?

Доколку имаше попуст на договорот за набавка на гориво за ЈСП ќе имаше и пари за приватните превозници. Дали на Арсовска и одговара кризата? И дали Скопје е жртва за бизнис интереси?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости