ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК потврди дека Заев со месеци го клеветел Мицкоски

by fokus 09:49
09:49

„Зоран Заев лажел и заедно со неговите мегафони ширеле лажни вести кога измислуваа судир на интереси при изградба на мали хидроцентрали во кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал удел во минатото“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ДКСК вчера со едногласна одлука потврди дека немало судир на интереси и дека концесиите за изградба се добиени уште пред Христијан Мицкоски да стане советник во владата.

„ДКСК потврди дека СДСМ и Зоран Заев со месеци ја лажеа јавноста кога го клеветеа Христијан Мицкоски. Заев свесно лажеше и ја манипулираше јавноста во обид да го прикрие сопствениот криминал.Зоран Заев е криминоген лик кој мисли дека сите се криминогени како него. Тој е единствен премиер во Европа неколкукратно аболициран за криминал.

- Advertising -

За разлика од Заев, Мицкоски е чесен политичар, со принципи и вредности. Тие две крајности ќе се соочат на 12 април, кога граѓаните ќе имаат можност да бираат помеѓу криминогениот измамник Заев со политиката „евро за Вицето, евро за црквата“ и политиките за обнова на Македонија кои имаат за цел Македонија да ја стават на брза трака кон ЕУ и општ економски напредок“, се наведува во партиското соопштението.

Поврзани новости