ВМРО-ДПМНЕ: ДИК не смее да си игра со волјата на народот

by fokus 20:29
20:29

ВМРО-ДПМНЕ ја предупреди Државната изборна комисија да не ги прифаќа приговорите за изборните резултати и да не помисли „да си игра со волјата на народот”

-ВМРО-ДПМНЕ внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следи работата на Државната изборна комисија и најновото одложување на одлучувањето по апсурдните приговори од страна на СДСМ и БЕСА. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира ДИК да не подлегнува под никакви притисоци и да не влегува во ничии сценарија за постизборен инженеринг со кој би се оспорила волјата на 455 000 македонски граѓани со чии гласови ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Од таму обвинуваат дека ова е договорот меѓу СДСМ и БЕСА за „извртување, поништување и фалсификување на волјата на мнозинството од македонскиот народ”.

Инаку, денеска стотици членови на ВМРО ДПМНЕ пред штабовите во Скопје, Охрид и Битола, подготвено чекаа  да тргнат на протест за да вршат притисок врз Државната изборна комисија „за да не помисли да им ја украде победата,,

Седницата на ДИК која требаше да почне попладне беше одложена заради безбедносни причини.

Поврзани новости