ВМРО-ДПМНЕ: Десетици патриоти се фрлени во притвор каде хунтата се изживува врз нив

by fokus

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ бараат да се пуштат на слобода осомничените за тероризам и загрозување на уставниот поредок. За десетина дена истекува мерката од 30-дневен притвор, која им беше одредена, а според партијата не постои законска основа притворот да биде продолжен.

„Десетици патриоти неправедно се гонети за измислено дело тероризам. Десетици патриоти без никаква основа се фрлени во притвор каде хунтата се изживува врз нив газејќи ги човековите права и достоинството. Секоја друга одлука ќе биде политичка нарачка на Зоран Заев во функција на заплашување на оние кои мислат гласно да говорат и да изразат несогласување со неговите антидржавни политики“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека светските медиуми се заинтересирани за овој случај.

„ Германските медиуми пренесуваат за политичкиот прогон на оперскиот великан Игор Дурловски.Медиумите од Германија пишуваат за политичкиот прогон, репресивноста и реваншизмот кој се врши во Македонија под капата на хунтата. Хунтата со методите на политички прогон не ја носи државата кон ЕУ, туку ја оддалечува, ја урива демократијата и го уништува владеењето на правото.Човековите права се газат. Хунтата се изживува со секој еден кој има различен став. Ова мора да запре“, посочуваат.

ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДСМ и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

„Хунтата мора да знае дека одговорност за ова незаконие и политички прогон ќе има. Република Македонија мора да биде демократска и слободна држава, со цврсто вкоренет принцип на владеење на правото ВМРО-ДПМНЕ тоа го гарантира“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ“, порачуваат од таму.

Поврзани новости