ВМРО-ДПМНЕ демантира дека имале официјален брифинг за кандидатите за градоначалници

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ вечерва излезе со реакција во која ги демантира информациите кои излегле во јавноста дека станува збор за официјален брифинг во однос на имињата за кандидати за градоначалници на наредните локални избори.

-ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време, во текот на наредната недела ќе излезе со официјална листа на имиња за кандидати за градоначалници во најголем дел од општините за наредните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година, велат од партијата.

Претходно „Фокус“ објави дека според високи извори од партијата, на претстојните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе му се спротивстави на скопскиот градоначалник Петре Шилегов со Даниела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори, потврдија за Фокус од опозициската партија.

Како што велат високи партиски извори, Арсовска ќе настапи како граѓански кандидат, кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости