ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев ги излажа албанските лидери или граѓаните?

by Фокус

Наредниот период ќе покаже дали Зоран Заев ги излажал лидерите на албанските партии кои јавно изјавуваа дека добиле согласност од СДС за реализација на елементите од тиранската платформа, или, пак, ќе бидат излажани граѓаните кои вчера беа сведоци на неговите гаранции дека нема да реализира туѓи платформи и декларации, изјави Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ.

-Сите овие процеси ќе се деблокираа многу порано, доколку Заев ја прифатеше понудата да ја отфрли тиранската платформа и да се откаже од реализација на елементите содржани во неа – рече Костовски.

Со денешната исплата на субвенциите за земјоделците, додаде тој, се покажале како лажни постојаните обвинувања дека нема пари во буџетот.

Поврзани новости