ВМРО-ДПМНЕ: Дали во автобусот се превезувале киселини за производство на хероин?

by fokus 10:03
10:03

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение прашува дали автобусот во кој загинаа 45 македонски граѓани изгорел толку бргу бидеќи превезувал киселини кои се користат за производство на хероин.

-Никој во државата не одговара за сомнежите дека автобусот кој изгоре во Бугарија при што животот го загубија 45 наши сограѓани превезувал високозапаливи течности – киселини, кои се користат за производство на хероин.
Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?
Зошто автобусот 140 пати поминувал граница без дозвола? Кој дозволувал 140 пати да се поминат сите контроли?
Зошто и по неколку дена од несреќата нема одговорност, ниту одговори од владата и институциите во земјава?
Кој во врвот на власта го штити Беса транс? Оставки веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости