ВМРО ДПМНЕ: Дали министерот Филипче кумувал на распределбата на инсулин со кус рок?

by Fokus

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес-конференција обвини дека министерот за здравство, Венко Филипче директорува со невладина организација за донација на лекови со кус рок за држави од Централна и Источна Европа како и за државите од поранешниот Советски сојуз.  Ваквите донации, вели Стоилковски, компаниите донатори ги користат за ослободување од лекови со преостанат кус рок на употреба заради скапото понатамошно уништување, што би можело да се поврзе со распределбата на инсулин со кус рок во Македонија.

„Министерот Филипче мора да одговори дали е донација инсулинот со многу кус рок на важност распределен на пациентите кои што се на инсулинска терапија во Република Македонија?Дали невладината организација со која директорува Филипче е „изворот“ на инсулинот со кус рок поделен на пациентите? Колку чини уништувањето на инсулинот со кус рок по нивниот истек на рокот? Дали додека турка непотребен проект тежок 35 милиони евра буџетски пари, пациентите ќе се лечат со донации?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости