ВМРО-ДПМНЕ: Богоев, Туфегџиќ и Заев ги измамија и излажаа младите

by Fokus

Младите се на маргините на интересот на владата на СДС. Младите се измамени и потцените од владата. Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев ветуваа многу, но со влегување во парламентот заборавија на младите, ги излажаа и извисија, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, СДС скрати и укина многу проекти за младите кои беа воведени од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Од позиција на власт СДС скрати 1.5 милијарди денари од буџетот за образование. Владата на Заев скрати пари кои беа наменети за основно и средно образование, за студентски домови, спортски сали, универзитети и превод на стручна литература од најдобрите светски автори. Второ, студентите ја платија цената на неспособното владеење на СДС со укинување на оброк кој до сега го покриваше државата со што ќе мораат самите да го платат од свој џеб – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости