ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да објави каков предлог понудил Заев во Софија

by Fokus

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат Владата да објави каков предлог доставил премиерот Заев до бугарската страна. Воедно беше соопштено дека Заев дал предлог до Бугарската влада. Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог? Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани. Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата. Заев преку неговите изјави трајно го минира позициите на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека останува отворено прашањето кои се петте историски личности за кои има согласност меѓу историските комисии за кои Заев говори.

Вчера бугарскиот премиер Јанев, по средбата со Заев во Софија, рече дека македонската делегација дошла кај него со конкретен предлог, кој ќе биде сериозно разгледан во наредните денови.

Поврзани новости