ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на државната матура за годинава

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во ек на светска пандемија и целосна блокираност на образовниот систем, македонската влада импровизира и си игра со иднината на илјадници ученици. Најголемата опозициска партија вели дека се потребни итни мерки за наставно образовниот процес.

„ВМРО-ДПМНЕ бара итно укинување на државната матура за учебната 2019/2020 година за сите ученици. Донесување Уредба со која ќе се овозможи запишување на факултет без матура за сите ученици кои завршиле средно образование во оваа учебна година. Оние ученици кои заради понатамошниот образовен процес, надвор од Република Македонија имаат потреба од полагање на матура, истото да можат да го сторат во септември“, изјави Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости