ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од новата претседателка на Судскиот совет

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од новата претседателка на Судскиот совет Павлина Црвенковска, која беше избрана на позицијата минатата седмица, откако во декември минатата година Собранието ја избра за членка на советот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Црвенковска нема кредибилитет да оценува судии и нејзиниот интегритет е нарушен.

-Сопругот на Црвенковска зел кредит во висина од 1,7 милион евра, со покритие од само 400 000 евра, објавија оштетените штедачи од Еуростандард банка. Тој, исто како и Заеви и нивните партнери, не го вратил кредитот, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија забележуваат и дека новата претседателка на Судскиот совет во минатото била функционерка на СДСМ и немала стаж како судијка.

-Црвенковска, покрај тоа што е поврзана со Еуростандард, исто како Заеви, била и функционер на СДСМ долги години. Црвенковска нема ниту еден ден судиски стаж, а треба да оценува судии. Каде плови овој брод? Црвенковска да си поднесе оставка. Никој нема да верува во нејзината непристрасност и ќе ја девалвира институцијата во целост, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости