ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот Филипче

by Fokus 08:47
08:47

Филипче потфрли! Секој 3 тестиран во Македонија вчера имал Ковид! Една третина од тестираните во текот на вчерашното деноноќие се позитивни на Ковид. Тоа значи дека секој 3 тестиран имал Ковид. Филипче целосно потфрли, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип. Есенскиот бран на Ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема. Лошиот менаџмент со системот придонесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично. Се што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните. Граѓаните сега се виновни за неговата неспособност. Не се Филипче виновни граѓаните. Преземи одговорност и дај си оставка веднаш, се вели во партиското соопштение.

Banner 300x250_

Поврзани новости