ВМРО-ДПМНЕ бара итно ослободување и помилување на учесниците во „крвавиот четврток“

by Fokus

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно ослободување и амнестирање на „сите лица кои извршиле одредени законски прекршувања во инцидентите пред и во Собранието на 27 април 2017 година“.

– ВМРО-ДПМНЕ, иако беше со блиски а во некои делови и идентични ставови со ставовите на граѓаните кои мирно протестираа цели 80 дена, беше првата партија која јавно ги осуди законските прекршувања од дел од граѓаните кои протестираа и со тоа се наруши мирниот карактер на овие граѓански протести – се наведува во партиското соопштение.

Сепак, според нив, кога пред очите на целата јавност со политичка одлука и интервенција се ослободуваат огромен број сторители на тешки кривични дела, меѓу кои и свирепи убиства на етничка база, што говори дека е ова масовен тренд, добро испланиран, а не случајност.

– ВМРО-ДПМНЕ смета дека е неправедно било какво натамошно гонење на лицата учесници во немирите на 27ми април“, додаваат од опозициската партија и додаваат: Ние сочувствуваме и жестоко ги осудивме повредувањата на пратениците на 27-ми април, но не сметаме дека нивните рани повеќе болат од раните на оние лица чии сторители наскоро ќе бидат ослободени со законот за амнестија веднаш по изборите. Уште помалку цениме дека делата за кои се теретат овие лица се поважни од животите на убиените млади лица кај Смилковското езеро, и редица други повреди сторени од лица кои веќе се наоѓаат на слобода или наскоро ќе се најдат на слобода со политички договор помеѓу коалиционите партнери на власта или со политичка одлука или интервенција на СДС – продолжува понатаму во соопштението.

 

Поврзани новости