ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев земал уште еден тендер за медицинска опрема во болница

by Fokus

Вицепремиерот Кочо Анѓушев нема намера да прекине да зема од парите на граѓаните преку неговите фирми. Попусто постојат закони за судир на интереси, џабе граѓаните се бунат, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Кочо „четири очи”, нема институција, а да не може да ја опслужи.
Најновите информации што излегоа во медиумите покажуваат дека Кочо “четири очи” Анѓушев, преку својата компанија “Брако” ја снабдил со медицинска опрема во јануари оваа година психијатарската болница “Негорци” од Гевгелија. Договорот изнесувал 665.000 денари. Државните пари од институциите одат директно во фирмите на Кочо “четири очи”. Нема институција каде што Кочо “четири очи” не може да склучи договор во четири очи самиот со себе, односно он како сопственик на фирмите и од другата страна исто така он како втор човек на Владата која ја води Република Македонија –  се наведува во партиското соопштение.

 

 

Поврзани новости