ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозовски да ја санира фасадата на Министерството за култура

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ побара од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, да соопшти дали и кога ќе преземе мерки за санација на Министерството за култура на кое стојат боите од Шарената револуција и побара министерот да ја преиспита одлуката.

„Зградата во која е сместено Министерството за култура е објект кој датира од 30-тите години на минатиот век, со третман на заштитено значајно културно наследство, кое како такво државата има обврска да го одржува во форма каква што била во моментот на прогласување за објект кој е значајно културно наследство“, рече пратеникот Пратеникот Крсте Јовановски на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Јовановски додаде дека непостапувањето и негрижата за културно наследство е кривично дело. Државата води кривично судски процес против сторителите, а Министерството за култура во постапка побарува штета за санирање на објектот во износ од околу 500.000 денари, сума која, како што рече тој, е потребна за санирање на објектот врз основа на официјална проценка на Бирото за судски вештачења.

„Ова значи дека министерот Алаѓозовски свесно со оваа негова изјава сака да најави и повлекување на побарувањето за штета кое го има Министерството за култура за санација на објектот. Тоа само по себе е кривично дело согласно член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија за злоупотреба на службена положба и овластувања, рече Јовановски.

Поврзани новости