ВМРО-ДПМНЕ: Ако не се поднесе заеднички закон против „бомбите“, нема да ги гласаме министрите на СДСМ!

by Фокус

Ако законот што забранува објавување на „бомбите“ не се коригира во согласност со сите партии и не се поднесе како заеднички предлог до 20 октомври, тогаш владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно ќе го поднесат предлогот што вчера го повлекоа, а во таква ситуација во прашање ќе биде доведено гласањето на министрите и на замениците-министри на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека подготвени се да го прифатат кој било модел за прочистување на избирачкиот список, без разлика дали тоа е активна регистрација, вкрстено проверување од страна на институциите и слично, за да не ис оатават простор и основа на опозицијата да ги проблематизира следните избори.

Како што брифираат од владејачката партија, СДСМ, ДУИ и ДПА се против досегашниот избор на тројца пратеници од дијаспората, а сите се согласиле медиумите да не се јавуваат како донатори на партиите.

Поврзани новости