ВМРО-ДПМНЕ 61, СДСМ 34 пратеници

by Фокус 09:15
09:15

Според обработените резултати од повеќе од 99 проценти од гласачките места во Македонија, владејачката коалиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ освои 61 пратеник, додека опозицискиот фронт предводен од СДСМ 34. Во блокот на албанските партии ДУИ на Али Ахмети доби 19 пратенички мандати додека партијата на Мендух Тачи, ДПА освои седум.

По еден пратеник добија НДП на ексградоначалникот на Гостивар, Руфи Османи и ГРОМ на првиот човек на Карпош, Стевче Јакимовски.

- Advertisements -

Во гласови поддршката на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 480.588, додека онаа на СДСМ 283.869. ДУИ освои 153.577 наспроти 66.392 на ДПА, додека ГРОМ доби 31.610 гласови, а партијата на Руфи Османи 17.783.

Поврзани новости