ВМРО-ДПМНЕ: 123 функционери на власта криеле имот, Ковачевски да ги разреши

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека 123 функционери на власта криеле имот, а премиерот Ковачевски наместо да ги разреши барал изговори.

-30 милиони евра имоти се скриени. Функционерите именувани од влада имале законска обврска да го пријавата својот имот во ДКСК, а ДКСК требало да постапат доколку тие не пријавиле.

Директори на централни институции, членови на Управни и Надзорни одбори со месеци, а некој од нив и со години не поднеле анкетни листови до ДКСК.

Дел од функционерите фатени во аферата „Тајни имоти“, како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу признаа дека не го пријавиле својот имот. Со ова паѓаат во вода обидите на ДКСК и Ковачевски да ги релативизираат случаите.

Очигледно е дека се работи за системско прикривање. Случајност може да има кај неколку, но не и кај стотина.

Институциите кога се во прашање граѓани, кои не се функционери на власта реагираат веднаш. А, кога се работи за луѓе од власта законите не ги применуваат.

ДКСК наместо да си го девалвира и онака разнишаниот кредибилитет, да поднесе пријави за сите функционери кои не поднеле анкетни листови. А, Ковачевски да ги разреши, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости