ВМРО деновиве ќе ја достави резолуцијата со црвени линии

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ во следните денови во Собрание ќе предложи предлог-резолуција која што ги дефинира македонските државни позиции за евроинтеграции, но исто така и позиции по однос на какви било негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет, бидејќи тоа е спротивно на европските вредности, најави пратеникот Антонио Милошоски.

-Собранието како законодавен дом е вистинското место каде што наместо поларизација политичките сили треба да се обединат и да донесат заедничка резолуција. Резолуции по националните прашања се носат и во Бугарија, и во Германија, и во Словенија, и во Романија, и во Италија. Тука зошто Македонија би била исклучок и зошто власта не би била спремна во Собранието да отвориме расправа и да изградиме широк консензус за предлог-резолуцијата за македонските црвени линии – рече Милошоски.

Тој додаде дека предлог-резолуцијата се заснова на повелбата на ОН и на Конвенцијата за човекови права на Советот на Европа од Стразбур.

Поврзани новости