ВМРО-БНД: Не дозволуваме македонистички собири во Софија!

by Fokus 19:52
19:52

Поддржувачи и симпатизери на ВМРО-БНД и други граѓански организации не дозволија да се одржи предавањето на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство (КБМП), за кој велат дека е македонистички настан, јавува БГНЕС.

Предавањето требаше да се одржи во Централниот воен клуб. Како говорници беа најавени поранешниот премиер на РСМ Љубчо Георгиевски и доц.д-р Стефан Дечев, кои се основачи на КБМП.

-Поддржувачите на ВМРО-БНД, предводени од еден од тројцата копретседавачи на партијата Ангел Џамбазки, решија да присуствуваат на предавањето на тема „Бугарско-македонските односи 2017-2022 година – проблеми, достигнувања, неуспеси и перспективи“. Тие влегоа во Централниот воен клуб, и покрај обидите на организаторите кои одбија да ги примат, иако предавањето беше отворено и за истото беа испратени соопштенија до медиумите и граѓаните. Поддржувачите на ВМРО, меѓу кои и многу од најистакнатите личности на партијата, мирно седеа чекајќи да започне предавањето, кое беше закажано за 17 часот. Еден од организаторите излезе на говорницата и најави дека истото нема да се одржи. По 15-тина минути сите излегоа на влезот каде што имаше размена на реплики меѓу Ангел Џамбазки и Дечев.
Европратеникот Ангел Џамбазки не успеа да добие смислен одговор од Дечев, кој е визитинг професор во скопски институт, зошто предавањето не се одржа и дали има нешто што организаторите сакале да сокријат од бугарското општество бидејќи не сакале да го објават тоа јавно, иако настанот е прогласен за таков.
Во истото време, Дечев рече дека ја постигнале целта бидејќи Љубчо Георгиевски дал пет интервјуа.
Џамбаски праша дали Дечев знае дека во РСМ сè уште се прогонуваат македонски државјани со бугарски идентитет и дали смета дека тоа е нормална европска практика, бидејќи РСМ продолжува да ги крши копенхашките критериуми, на што исто така не доби одговор, пишува БГНЕС.

Од самиот Централен воен клуб исто така одбија да ги пуштат организаторите на предавањето. Откако настанот на КБМП не успеа, групата предводена од Дечев и Љубчо Георгиевски и Мартин Заимов, се пресели во близина на градинката „Кристал“, но и покрај тоа предавањето не се одржа.

Поврзани новости