ВМРО бара одговор каде завршила Луј Витон чантата со кеш?

by Фокус

Власта наместо да пропагира клише излитени фрази од типот „доколку некој направи криминал, треба да одговара“, треба да престане да влијае врз правосудните органи, откако италијанскиот весник Ла Верита по трет пат објави серија на адуио-материјали, во кои, меѓу другото, првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски пред Орце Камчев го споменува и лидерот на владејачката партија и премиер Зоран Заев.

„Обвинителството треба да одговори каде завршила Луј Витон чантата, кој се е вмешан во бесрамното криминално рекетирање и конечно да одговараат пред законот оние кои што ја злоупотребија довербата на граѓаните. Време е Катица Јанева да се врати од сончање по грчките плажи, да ја погледне македонската јавност во очи, која толку ревносно и транспарентно ја известуваше за случаите и истрагите кои ги злоупотребуваше и конечно да ја каже вистината“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Поврзани новости