Влезниците од 1.200 и 1.500 денари за јубилејниот концерт на Дарио пуштени во продажба

by Fokus

Влезниците за концертот на Дарио и Миг 21 се пуштени во продажба од денес. Како што информира Авалон продукција, после точно 17 години од легендарните концерти во Универзална Сала, Дарио и Миг 21 ќе одржат ексклузивен концерт во Македонската Филхармонија на 17ти февруари.

Концертот е по повод 40 години од кариерата на Дарио, а во склоп на проектите со кои Авалон Продукција слави 30 години постоење. -Македонската публика ќе има можност, во блиска средба со македонската поп легенда, да ужива во многуте безвременски хитови изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (денес) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од 1.200 денари и ВИП 1.500 денари. Кога се концертите во Македонската Филхармонија во прашање,а и ако се земе предвид фактот што Дарио после долго време настапува во живо, нашиот совет би бил да бидете многу брзи во среда наутро- информираат од Авалон.

Вики Клинчарова

Поврзани новости