Влегол во бурекџилница и му го украле автомобилот „ауди“ вреден 30.000 евра

by Fokus

На 26-годишно момче од Кочани му го украле автомобилот во Скопје, вреден 30.000 евра, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 12.00 часот, А.А. (26) од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11.45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Ауди А5“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.А., а управувано од пријавителот.

Кога пријавителот влегол во бурекџилница го оставил отворено возилото изгаснато со клучот внатре, сторителот го искористил моментот, влегол во возилото го стартувал и незабележан од никого заминал во непознат правец. На тој начин пријавителот е оштетен за околу 1.800.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости