Влатко Ѓорчев прогласи победа на ВМРО – ДПМНЕ со 20.000 гласови повеќе од СДСМ

by fokus 00:01
00:01

Вечерва се случи 10-та по ред победа на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот народ повторно победи. Разликата е 390.000 наспроти 370.000 гласови, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме 20.000 повеќе гласови од СДСМ, но ќе имаме уште повеќе. СДСМ има, рече тој убедлива разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ во албанската средина.

- Advertisements -

ВМРО, како што рече, победи во Штип, Илинден, Петровец, Кочани, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Пехчево, Македонска Каменица, Свети Николе. Ѓорчев најави победа и во Прилеп, Кавадарци, Новаци, Могила, Неготино, Охрид, Кичево, Демир Хизар, Вевчани и Струга. СДСМ победи во Желино, Боговиње, Шипковица.

„Резулатот е 390.000 за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 370.000 гласа за СДСМ. Секоја победа е драгоцена, изјави вечерва Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ“, која излезе во јавност речиси три часа по затворањето на гласањето.

„Во Кисела Вода убедливо победивме, исто и во Македонски Брод и во Сопиште, а во Сарај изгубивме пет спрема еден за СДСМ“, рече Ѓорчев и повика на прослава пред седиштето на ВМРО – ДПМНЕ во Скопје.

В.С.

Поврзани новости