Влатко Ѓорчев не собра сили да каже дека ќе ја поддржи иницијативата на Димовски

by fokus

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вечерашното гостување на телевизија 24 со сите сили избегнуваше да каже дека ја подджрува иницијативата на Илија Димовски пред Уставниот суд за оспорување на Законот за употреба на јазици.

Водителката четири пати го праша дали ќе ја поддржи иницијативата на Димовски, а тој со филозофски одговори не даде конкретен одговор.

На крај Ѓорчев кажа дека Законот за јазици треба да биде оспорен пред Уставниот суд, но не собра сили да каже дека ќе ја поддржи иницијативата на Димовски.

Поврзани новости