Власта не запира – уште 350.000 евра за реклами

by Фокус

Владата продолжува со трошење на буџетските пари за реклами. Според последните објави на Бирото за јавни набавки, склучен е договор со друштвото за маркетинг „Њу момент њу идеас компани“ во вредност околу 232 илјади евра кои ќе бидат потрошени за подготовка и реализација на медија план, закуп на медиумски простор за електронски и печатени медиуми и внатрешно и надворешно рекламирање.

Иако овие пари се плаќаат од буџетот, медија-плановите остануваат тајна – за Генералниот секретаријат на Владата тие се класифицирани информации и само лице со безбедносен сертификат може да види во кои медиуми ќе бидат објавувани рекламите на власта.

Освен овие 232 илјади евра, Генералниот секретаријат одвоил дополнителни 120 илјади евра за емитување на соопштенија и спотови на видео бим.

Поврзани новости