Влаинка со потекло од Македонија го освои Вимблдон

by fokus

Тенисерката Симона Халеп, која вчера триумфираше на Вимблдон и ја освои својата прва титула на овој турнир, има потекло од т.н. цинцар Власи во Македонија. Дека 27-годишната романка е всушност Влаинка со потекло од Македонија пишуваат денеска романските медиуми.

Според дел од написите нејзините предци емигрирале од битолското село Маловишта. Поради силните врски со своето потекло, нејзини пријатели велат дека таа ќе ја следи семејната традиција и дека планира да се омажи за Влав.

Халем, инаку, ја победи Серена Вилијамс во финалето на Вимблдон со 2:0 во сетови и тоа 6:2 и 6:2 за само 53 минути игра. Ова е нејзин прв трофеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите. Претходно Романката триумфираше на Ролан Гарос во 2018 година.

Поврзани новости