Владо Јовановски се правда: Во Собрание бил да изнесува повредени и носел вода на полицајци!

by fokus 22:21
22:21

Пишува: Вики Клинчарова

Актерот Владо Јовановски се правда на својот Фејсбук профил дека не повредил никого, и никому не сторил ништо лошо, а додека бил во Собрание, изнесувал повредени и давал вода на полицајци.

- Advertisements -

Тој пишува дека денес, откако се вратил од селото Слепче, каде што читал стихови за новопрогласениот светител Свети Кипријан Слепчански, се шокирал кога го отворил својот Фејсбук.

,, Нејсе кога пред малку го отворив компјутерот, има што да видам. Веќе ме осудиле Фејсбук “пријателите”. Ме осудиле и уште да ме запалат ако можат, без разлика што не сум сторил никому ништо лошо. Нит сум повредил некого ниту го одобрувам насилството.

Ако е грев да изнесеш повреден или колабиран човек од општ хаос, тогаш е во ред. Или ако е грев тоа што во неколку наврати им давав вода на полицајците, на врата и тоа е во ред. Или тоа што се дерев таму да ме чујат со апели да нема насилство. Како и да е, само на злобниците кои од ново ме стрелаат, ќе им кажам само да не ме жалат мене, туку да се жалат себеси’’- пишува Јовановски.

Тој e меѓу лицата за кои МВР бара притвор поради организирање на протестите и нападот на Собранието во четвртокот.

МВР побара од Скопското обвинителство одредување притвор или одземање на патните исправи на четири лица, за кои од МВР велат дека се обезбедени докази дека биле организатори и водачи на нападот во Собранието во четвртокот. Станува збор за водачите на „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски, за кои МВР бара од ОЈО под итно да бидат повикани на сослушување.

Поврзани новости