Владиниот врв во посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел

by fokus

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, во вторник, ќе престојуваат во еднодневна работна посета во Брисел, во седиштата на ЕУ и НАТО.

Владината делегација во Европската Комисија на ЕУ ќе учествува во работата на Комитетот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава премиерот Заев, а во седиштето на НАТО е предвидена билатерална средба со Генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Според програмата, во Европската Комисија ќе се одржи прес-конференција на премиерот Заев со високата претставничка на ЕУ и еврокомесарка за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, а во седиштето на НАТО е предвидена заедничка прес-конференција на премиерот Заев и Генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, од утре е во работна посета на Брисел, каде заедно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествуваат на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, во организација министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Катругалос и Малешкану.

Поврзани новости