Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“)  обезбеди  место во финалето на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел, и ги собра симпатиите на целата македонска јавност. Освен илјадници статуси со поддршка, Тамара доби честитки и од владиниот врв.

На својот фејсбук профил ја поддржаа и и честитаа премерот, Зоран Заев, министрите, Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Мила Царовска, многу други пратеници и функционери.

 

Покрај Тамара во финалето влегоа и претставниците на Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта. Финалето на годинашниот Евросонг ќе се одржи в сабота.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.