Владиниот авион бил на сервис, затоа Заев и Пендаровски летале со редовни линии

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев летаа со редовни авионски линии бидејќи владиниот авион е на сервис, објави СДК.мк.  Од Службата за општи и заеднички работи им појасниле дека авионот „лирџет 60“ е на редовен сервис во Нирнберг, Германија.

– Не станува збор за никаков дефект, туку редовен сервис. Авионот треба да биде сервисиран и вратен во земјава другата недела – изјавил директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчески за СДК.мк.

Пендаровски на 11 јуни замина во Брисел со редовна авионска линија со преседнување во Љубљана, а Заев во саботата од Виена се врати со комерцијален лет.

Поврзани новости