Владина поддршка од 17 милиони евра за канализациони и водоводни системи

by fokus 14:12
14:12

Околу 17 милиони евра ќе бидат инвестирани во изградба на канализациони и водоводни системи низ општините во државата. Дел од средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а дел преку Европската инвестициска банка.

Проектите ќе се реализираат во соработка со отштините, а целта е да не остане ниту една општина каде ќе нема чиста вода.

– Ниту една општина нема да биде запоставена. Владата ќе работи на рамномерен развој и распределба на средствата во руралните средини и ќе овозможи подобрување на животот и здравјето на граѓаните со изграба на планираните канализациони и водоводни системи. Паралално со ова, при крај се и разговорите за финансирањето на проекти од ТАВ во вкупна вредност од 35 милиони евра и дополнителни средства од 25 милиони евра од заштеди од државни институции кои ги направивме во изминатиот период, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Со ваквата владина поддршка, процентот на покриеност со канализациони и водоводни мрежи од сегашните 18 проценти ќе се зголеми на 40 проценти.

– Нашата цел до крајот на мандатот е да им помогнеме на локалните заедници, овој процент на покриеност со канализациона мрежа да биде максимален, рече Заев, најавувајќи буџетска поддршка за замена на водоводните азбесни цевки и формирање на фонд за поддршка на проекти од општините.

Покрај ова, од Министерството за транспорт и врски информираат дека во тек е реализацијата и на проекти за изградба на канализациони и водоводни системи во вредност од околу 11 милиони евра.

– На располагање остануваат околу 12 милиони евра неискористени средства од кредитната линија од ЕИБ. Затоа ги повикуваме сите општини кои се уште имаат на располагање средства, да побрзаат, да достават готови проекти до Министерството за да можеме да ги реализираме, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарескина прес-конференцијата во Владата.

Поврзани новости