Александар Пандов, Владимир Панчевски и Миленко Неделковски меѓу приведените во кафеана во Стајковци

by fokus

Синоќа, во кафеана во Стајковци, биле приведени 18 лица, меѓу кои и екс судијата Владимир Панчевски, Миленко Неделновски, но и претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, неофицијално дознава „Фокус“. Според официјалната информација на МВР вкупно биле уапсени 18 лица, заради непочитување на мерките за заштита.

– На 26 февруари во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул. „6“ во с. Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица. Тие се приведени во полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од Ковид-19, соопшти СВР Скопје.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани новости