Владиката Петар бил уапсен поради кражба и лажно сведочење?

by fokus

Мета објави дека австралиската полиција им потврдила дека минатата недела во Мелбурн го уапсила и го испрашала надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, владиката Петар, во рамки на истрага за кражба и за лажно сведочење.

-Полицијата во Викторија уапси и испраша 70-годишен човек од Каролајн Спрингс, во рамки на истрагата за кражба и за лажно сведочење. Тој е ослободен и се чека продолжување на истрагата“, соопшти полицијата во Викторија, одговарајќи на прашањето на „Мета“ дали владиката Петар бил уапсен и по која основа.

Владиката Петар минатата недела по објавувањето на информацијата дека бил уапсен, истата ја негираше и тврдеше дека не бил уапсен, туку дека бил повикан како сведок.

Поврзани новости