Владиката Петар: Ако нема графа за верска припадност за пописот, ќе повикаме на бојкот

by Fokus

Ако нема графа за верска припадност во пописните листи ќе го повикаме народот на бојкот, изјави денеска владиката Петар.

„Ние сме сериозно заинтересирани во најавениот попис да постои графа за етничка и верска припадност за да знаеме колку се православни во Македонија, колку се муслимани како и на другите вероисповеди и религиозни деноминации. Да се постапи така, во спротивно ќе биде народот па и ние засегнати не само да не се јавиме на пописот туку и да го повикаме народот во нашите епархии да го бојкотира пописот“, изјави владиката Петар за телевизија Алфа.

Поврзани новости