Владика Агатангел: Никој не ни размислува да се откаже од светото македонско име на МПЦ

by fokus 14:51
14:51

Можеби некој си игра и во Синодот, не можам да тврдам, ни да напаѓам, не сакам да си ја грешам душата, но може некој манипулира и во Синодот со нас архиереите, со народот, со верниците, со свештенството, изјави владиката Агатангел во емисијата Ѕид на Алфа Телевизија зборувајќи за последните информации дека МПЦ се откажува од името Македонска Православна Црква како и за барањето од БПЦ да биде мајка ќерка на МПЦ.

-Македонија секојдневно ја тресат со информации некои се вистинити, некои се лажни, но последнава околу МПЦ е лажна затоа што на светиот архиерејски Синод се донесе одлука да се прати писмо до вселенската патријаршија и да се побара само автокефалност, признавање на нашата света македонска православна црква како автокефална, вели владиката Агатангел.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Според него не постои член на Светиот Архиерејски Синод кој ќе отстапи од светото македонско име на Македонската Православна Црква затоа што таа е тврдина и столб на државата. Тврдина и столб за вистината за македонскиот народ, тврдина и столб на сите оние кои се чувствуваат Македонци.

-Никој не ни размислува да се откаже од Македонската Православна Црква бидејќи тоа е името на нашата држава, на нашата црква, ние сме и национална црква на овој наш македонски народ. Но цела година сме потресени од разни напади, изјави, неправди понижувања, измами, но мислам дека ќе опстоиме, нагласи владиката Агантангел.

Во врска со договорот со Бугарија и барањето на МПЦ до БПЦ за мајка ќерка тој посочи дека договорот со Бугарија кога државата го потпиша, Синодот не го прифати и излезе со соопштение, но наредната седница некој се појавил со идеја да се бара од Бугарската Патријаршија да биде црква мајка и затоа додава дека постојат големи шанси некој да манипулира со Синодот на МПЦ.

Поврзани новости