Владата за 9 години му го одложи долгот од 17 милиони евра, кон УЈП, на ТЕ-ТО

by fokus

За период од девет години Владата ќе му го одложи на ТЕ-ТО плаќањето на даночниот долг кон Управата за јавни приходи вреден над 17 милиони евра, објави „Фактор“.

Од Фактор го побарале договорот за доделување државна помош склучен меѓу Владата и ТЕ-ТО, но оттаму добиле само објаснување за договорот, не и самиот договор.

-Имајќи го предвид фактот дека во моментов ТЕ-ТО АД Скопје има финансиски потешкотии, практично не е во можност да го плати таквиот данок на добивка, која добивка реално и не постои, евентуалното пристапување кон присилна наплата на тој данок на добивка, не само што ќе ја оневозможи реорганизацијата на компанијата, туку сосема извесно е дека ќе доведе до отворање на стечајна постапка над истата и пропаѓање на Планот за реорганизација. Во тој случај „отпишаните обврски“ согласно Планот за реорганизација повторно ќе се трансформираат во реални обврски на компанијата спрема доверителите и ќе немаат третман на добивка, а со тоа и даночната обврска – данокот на добивка за 2018 година по основ на отпишани обврски, повеќе нема да постои и државата нема да ја наплати, велат од Владата за Фактор.

Од Владата додаваат и дека компанијата ТЕ-ТО АД Скопје не е единствена компанија на која досега државата и овозможила ваква асистенција, односно имало компании кои добиле дури и траен отпис на ненаплатени побарувања, освен побарувањата по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно Законот за данок на добивка, а имало и случаи на доделувања на државна помош согласно Законот за финансиска помош.

Здружението за заштита на правата на  акционерите во Топлификација АД- Скопје вчера до Комисијата за заштита на конкуренција испратија допис за да прашаат за доделенат државна помош. Претходно реагираа до Владата и Обвинителството.

Поврзани новости