Владата воведува концепт „one day surgery“ во болниците

by fokus

Владата на денешната 71. седница  го разгледа и прифати Акцискиот план за Проектот „Зајакнување на дневните  болници“, и го задолжи Министерството за здравство на секои шест месеци до Владата да доставува информација за прогрес на активности од Акцискиот план, се до конечна реализација на Проектот.

Како што соопштија од владината прес-служба, Проектот „Зајакнување  на дневните  болници“ се однесува на концепт на  воведување „one day surgery“(еднодневна терапија од областа) и други „out patient“ процедури без ноќевање и болнички престој на пациентите во случаи кога нема потреба од опсервација на состојбата на пацинетот.

– Во оваа насока ќе бидат изготвени упатства и ќе бидат адаптирани соодветни просторни услови во рамките на општите и клиничките болници каде постојат услови врз основа на направена проценка, се наведува во соопштението.

Поврзани новости