Владата утврди максимален износ на задолжување од домашниот пазар

by fokus

Владата на денешната седница донесе одлука за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2018 година.

Максималниот износ на новото задолжување со издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2018 година ќе изнесува 5.454.000.000,00 (пет милијарди четиристотини педесет и четири милиони) денари.

Издавањето на државните хартии од вредност се врши согласно Календарот за планираните емисии на државните хартии од вредност кој го утврдува и објавува Министерството за финансии на почетокот на периодот за кој се однесува, во согласност со Буџетот за 2018 година и врз основа на Законот за јавен долг.

Поврзани новости