Владата утре ќе објави „скапи“ мерки против загадувањето, Град Скопје објави препораки

by fokus 17:51
17:51

Министерот за Екологија, Садула Дураку, за Алсат М изјави дека утре ќе бидат објавени мерките против загадувањето на воздухот.

-Ние како министерство и Влада формиравме работна група, со кои ќе излеземе со мерки. Ќе имаме средба со градоначалниците на Скопје, и со градоначалникот на Град Скопје и ќе ги објавиме сите мерки. Овие мерки се скапи за државата, но има подготвеност од Владата на Република Македонија и Министерството за животна средина. Тие мерки се скапи и треба да бидат предвидени во државниот буџет за да се преземат чекори за тоа како да се намали загадувањето на воздухот, изјави Садула Дураку, министер за животна средина

- Advertisements -

Град Скопје, во меѓувреме, препорачува граѓаните што помалку да користат возила, да се забрани согорување на отпадот, а исто така најавија построги контроли на инспекторат за екологија.

Поврзани новости