431
Владата на денешната седница го разгледа и усвои предлог-законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата околу спорот за името со Грција опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Како што информираа од владата, овој предлог-закон предвидува престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу Македонија и Грција.
Од таму посочуваат дека предлог-законот за ратификација, на предлог на Министерството за внатрешни работи, ќе биде доставен до Собранието.