Владата со експерти спрема одговор до Стразбур за случаите на СЈО

by Фокус

Домашни и странски експерти работат на одговорот што Владата треба да го достави до Европскиот суд за човекови права до 11 јуни по однос на апликациите поднесени од дел од обвинетите и осомничените од предметите иницирани од поранешното Специјално јавно обвинителство, изјави вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „360 степени” на телевизија Алсат М.

– Главната стратегија и насока ја дава Бирото за застапување, коешто има надлежност за тоа и секако пред да отиде одговорот ќе имам можност да го погледам. Не можам да коментирам затоа што мислам дека се уште сме во фаза на развивање на нашата аргументација и стратегија која генерално е развиена – изјави Маричиќ.

Тој оценува дека ова е еден од покрупните случаји што ќе се најде пред Европскиот суд за човекови права во последно време.

Поврзани новости