Владата се задолжи за 71 милион евра

by fokus 16:27
16:27

Министерството за финансии на аукцијата одржана на 31.10.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 4.402,36 милиони денари, или 71,58 милиони евра.

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 3.017,69 милиони денари со камата од 1,85%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 317,00 милиони денари со камата од 2,10%, 3-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 537,00 милиони денари со камата од 2,35% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 530,67 милиони денари со камата од 3,80%.

- Advertisements -

Дел од средствата од задолжувањето ќе се искористат за раздолжување. Веќе утре Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 4.113,44 милиони денари (66,88 милиони евра).

„Разликата од 288,92 милион денари (4,69 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија“, објаснуваат од Министерството.

 

Поврзани новости