Владата под притисок на ЕУ и соседите го брза консултативниот процес

by fokus 17:26
17:26

Премиерот Димитар Ковачевски при добивањето на модифицираниот француски предлог за почнување на преговорите со ЕУ најави дека предлогот ќе помине низ широк консултативен процес. Но, тој процес се одвива доста брзо.

Премиерот во само неколку дена се сретна со владините коалициони партнери, претставници на дел од невладините организации, лидерите на опозициските партии…

Колку овој брз консултативен процес може да биде и суштински квалитетен?

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека се разбира дека процесот би бил поквалитет кога би имало повеќе време, но сепак има притисок за тој брзо да се затвори.

Притисокот доаѓа и од ЕУ која сака побрзо да го затвори ова прашање. Доаѓа и од соседните земји, од Албанија која исто така сака тоа брзо да се затвори. А, најголемиот притисок за време е што во Бугарија во моментов има падната влада која не знаеме како ќе се состави, а тие сите елементи се потребни за процесот брзо да се заврши, вели Арсовски.

На прашањето дали Владата би се дрзнала да го истурка предлогот и доколку остане расположеноста каква што е во моментов, Арсовски вели дека најавите се дека предлогот ќе оди во Собрание, а таму е потребно просто мнозинство.

Владата најави дека предлогот ќе оди на Собрание, тогаш е во ред. Но, тоа не знам како ќе помине. А, можат да го поминат со просто мнозинство. Така се прави и Влада во Македонија, со просто мнозинство, вели Арсовски.

К.С.Б.

Поврзани новости